дека (сврз.) - кадија (имн.)

Успехот со задушувањето на бунтот си го препишуваа исклучиво на себе и беа сигурни дека кадијата ќе ги направи салам бегови над покорените Мариовци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Заточеникот ми објасни дека кадијата постапил и премногу дарежливо кога за мал поткуп му ја заменил казната бесење со овој милозлив прогон или сургун на подземниве чардаци.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И рече ли ти дека кадијата прати сејмени да ги врзат и дотераат татко и, мајка и, брат и, а ако не кандиса ќе ги погубам? – Се и реков кади баба, како што ми рече ти! – А таа? – Право да ти кажам, изгледа да е мрдната малку од умот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Надворешниот сјај и богатството на царскиот палат го замајаа Суља и готов беше да се врати, но се сети дека кадијата ќе го обеси ако не му однесе извештај од султанот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)