дека (сврз.) - каучук (имн.)

Нивните упорни и љубопитни прстиња лесно продреа во цеповите каде што наоколу окната беа зашиени за платното на покривот на колата, што потоа лесно им овозможи да откријат дека каучукот не се крши, туку се кине.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Бидејќи тоа беше еден вид работилница со многубројни истражувачки активности, наскоро потоа некое дете откри дека каучукот се кине и друго дека гори, па сите се вдадоа кој повеќе парчиња каучук да накине од прозорците на колата за да имаат цркала како оние што возрасните ги вадеа од гранатите останати по планината од последната војна и кои ноќе на брезничанчињата им овозможуваа забава до зајдување.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)