дека (сврз.) - кола (имн.)

Сепак морам да кажам дека колата не е многу удобна, акустичната изолација не е баш најдобра, а дизајнот наликува на тула.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
И од поткопаната мисла, како од поткопан брег од водите, во моментот на уривањето многу непредвидени зборови па дури и цели реченици може да се истурат).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Плинов има А-тест?“ „Нема, нели цениш дека колава вреди 500 евра, а тестот повеќе од цела кола“, се бранам јас.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но и се покаја поади изненадувањето кога веднаш потоа забележа дека колата е со битолска регистрација.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Заклучи дека Германија не е охриѓанка и дека колата сигурно е на нејзините родители.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Даскалов го видов дури кога дојде доволно близу до прозорецот за да ми ја запре светлината и да ми соопшти дека колата со сандакот пристигнува; а јас пред да ја слушнам новината всушност го видов неговото, како што пред тоа се беше изразил, разведрено лице. (Или не беше рекол ништо слично?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)