дека (сврз.) - легализација (имн.)

Укинувањето на кривичната одговорност сепак во потполност не би ги решило сите проблеми поради кои сметаме дека легализацијата би претставувала најдобра опција.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Укинувањето на кривичното гонење би ја зачувало законската забрана за уживање на дрога со што веројатно донекаде би се обесхрабрила побарувачката, додека луѓето што се загрозуваат само себеси не би се апселе. Со тоа би се намалило оптоварувањето на полицијата и би се снижиле трошоците за издржување на затворот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тој смета дека легализацијата би ја зголемила достапноста и потрошувачката, што од морална или практична гледна точка би било неприфатливо.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Елиот Кари (Elliot Currie) одговара дека најголемото зло во врска со овој проблем произлегува главно од тешкиот данок што наркоманијата го наплаќа од зависниците, нивните семејства и пошироката заедница.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Бендоу го наведува неодамнешното намалување на потрошувачката на алкохолните пијалоци, за да нè убеди дека легализацијата нужно не ја зголемува потрошувачката. Меѓутоа, овој аргумент не е оддржлив поради тоа што потрошувачката на алкохол драстично порасна по легализацијата, а почна да опаѓа дури во почетокот на осумдесеттите години. Тоа што за воведување на прохибицијата веќе никој не се залага, не би смеело да се толкува како аргумент кој би одел во прилог на тезата дека легализацијата не би ја зголемила потрошувачката на крек или метамфетамин.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)