дека (сврз.) - лист (имн.)

Се загледав сега во сарделата и забележав дека лисјата ѝ венеат и ливчињата од цветовите брзо отпаѓаат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
По многу нешта се гледа дека листот долго време стоело врз масата, примило разни дамки од некакви шејови што се пренесувале врз него, а и ракописот не тече како кога се пишува одеднаш, туку големината на буквите ту се намалува, ту се зголемува, чиниш го пишувале дватримина.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ја лаже народниот пеач гората кога и вели дека лисјата повторно ќе и се вратат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)