дека (сврз.) - мајка (имн.)

Освен раскажувањата, макар и многу површни и колебливи, во моето семејство од колено на колено, за мојот предок, а исто така и меѓу жителите на селото, во овој случај имаше барем две совпаѓања: прво, човекот што го споменуваше Јохан Барт под името „Поцо“ беше од Маказар, од каде што потекнував и јас, а и парчето метал со написот „Поцо“ се најде во Маказар и второ, се потсетив и на тоа дека мајката на Надежда, старата, во една прилика пред да почнеме со копањето на бунарот, ми рече дека, според нејзиното сеќавање на раскажувањата на луѓе, на тоа место некогаш веќе постоел бунар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Веднаш ми стана јасно дека мајка ми мора да ја има таа книга во својата библиотека која уредно ја збогатуваше.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Јас знаев дека мајка ми знае унгарски, дури и сум ја слушала како зборува со вујко ми Вангел, ама кога разговараше со Унгарецот добив впечаток дека тоа не е мојата мајка туку некоја друга жена.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Далеку од тоа дека мајка ми беше намќор, напротив, беше позитивна и ведра жена додека не и потонаа сите бродови.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Но, тој пронашол дека мајка му го родила кај тетка му, која живее во центарот на горно маало.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ташко знаеше дека мајка му е таму, зашто утрината со татко му биле и затоа задоцнил на првиот час. „Мамо! Мамо!“ викашеТашко.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Зазбивтани стоевме кај северната страна од Гинеколошката клиника.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Да одиме бебето да го видиме“, предложи Ташко, а ние се сложивме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ренди, кој го беше заобиколил игралиштето за да го гледа натпреварот од левата страна, се срамеше затоа што татко му се лизна, дека татко му се лизгаше во шорцеви и се повреди, дека во овој контекст - натпревар за старци и слабичи и луди фундаменталисти - лизгањето беше необично, апсурдно добро; и, на врв на сето ова, дека мајка му се впуштила во ваков еден мизерен циркуски акт.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тој наслутува дека мајка му сака да го испрати по некоја работа, а од тоа нема ништо по омрзнато во светот.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И наеднаш како да се сепна. Погледна кон мене.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се разбира, јас ни не помислив дека мајка ми ја имаше сочувано за мене.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Подобро било да поверувам и да паметам дека сите тие девојки (а помеѓу нив се наоѓала и мајка ми) што ги служеле арабаџиите и трговците додека работел анот на Дуко ми биле по малку и мајки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Во оние околности на неизвесност и војна“, реков, „за да износиш син а притоа да одлучиш неговото доаѓање на веков како и израстувањето да биде само твоја грижа и одговорност ќе се согласиш, нели, дека е повеќе од големо херојство“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури двапати ми спомна дека на здрав пораснат човек каков што сум јас таткото може да му биде пречка.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Само таму важеа правилата што ги спомнал Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Знаете кои беа нејзините последни упатства?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Речиси сум сигурен дека имаше зелени очи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Например неможам да го заборавам оној разговор кога наеднаш ми соопшти дека во она изгубено минато најблизу до нејзините желби и соништа било небото над Сина Скала, и дека тоа било една од причините да го напушти полето и да се упати наваму.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Ископав доволно широк и длабок гроб без помош од никого...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Реков дека не познавам никого.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Од многу причини највистинита ми се чини приказната на четвртиот глас: дека мајка ми можам да ја пронајдам само помеѓу девојките од Горномаалските анови, каде што сум била заборавена, но само од мајка ми а не и од другите девојки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мислам дека кај неа границата помеѓу сонот и јавето во тие последни денови многу тешко можеше да се разлачи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Даскалов беше отшетал до другата страна на креветот и изгледа и самиот се беше уверил дека мајка ми е подготвена за погребот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се повеќе сум уверен дека мајка ми, трудејќи се да го избрише овој податок од моето сеќавање, само ги потврдуваше моите сомненија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но не треба да се заборави дека мајка ти не беше во боречките единици.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Знаев исто така дека мајка ми ни на среќата не ѝ се надеваше премногу.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе згрешите ако останете со впечаток дека мајка ми постојано избегнувала да ме упати во понекоја од своите тајни.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но можеби и разговорот што го водевме со Иван, кога дојде да ме обавести дека мајка му починала, ја разбранува во мене веќе одомената смиреност.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога му спомнав дека мајка ми ми нема зборувано за тој Боге од Бањи, Даскалов ме праша дали познавам некого од роднините на кои треба да им јавиме дека мајка ми починала.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Едноставно останала од некој борец и таа ја беше скрила во сламарцата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сепак, во еден момент, во тоа сум сигурен, на Иван му напоменав дека мајка му веројатно имала причини што не му ја разложила тајната со сите поединости.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ако не ја спомнеше теглата со слатко веројатно ќе помислев дека мајка ми, иако е будна, сѐ уште е затворена во просторијата на сонот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А потоа додаде: „Поправи ме случајно ако грешам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И беше со добар фат! Како да работела в болница, толку добро знаеше да ги среди раните“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можноста дека мајка ти може да се сврти против тебе, да те отфрли, несомнено останува несвенливо кошмарно сценарио во умовите на многу настрани деца, извор на паника што никогаш не пресушува, што честопати се влошува поради избувливоста на емоционалните односи помеѓу геј-момчињата и нивните мајки.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дури и на најгрижливата мајка ќе ѝ биде тешко никогаш да не ѝ се испушти пред настраниот син барем ронка разочараност од него.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се плашев во одговор на нејзината фалба дека мајка и е учителка да не и речат дека Вера не и е вистинска мајка.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кога Зигмунд се јавуваше, му кажував дека мајка сака да го види.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога навечер легнував на креветот, припивајќи се до ѕидот, целото мое тело трепереше од страв и тага; заспивајќи, се борев за воздух, за вдишување и издишување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Седев крај нејзината постела, ја држев за рака, ја слушав како кркори.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Повикав доктор; кога дојде, ја погледна и рече дека мајка тој ден ќе умре.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тие нејзини зборови ги слушав и кога не ми ги кажуваше; се вртев во затворениот круг опишан со „Ќе беше подобро да не те родев,“ сакав да се ослободам од тој круг и наутро посакував да влезам во кујната, како некогаш, кога мојата мајка ми подаваше врел компир, а јас седнував во аголот од собата, гледајќи ја како работи, и имаше многу такви утра во кои се надевав дека ќе можам пак така да влезам, и ќе ја прашам со што да ја искупам својата вина; во мене нешто можеби се надеваше дека мајка ми ќе ме пречека со оној некогашен поглед, и пак ќе бидеме блиски како некогаш; влегував во кујната но сега ме пресекуваше студенилото на нејзиниот поглед, грубоста на нејзините зборови, начинот на кој го заобиколуваше моето тело движејќи се низ просторијата, па прашањето застануваше во моето грло, остануваше таму и тогаш, и потоа; сакав да го повратам, да го исфрлам како што се исфрла расипано јадење, а тоа остануваше таму, како изгниена храна, но залепено за мене, одбивајќи да ме напушти, и јас го носев секаде со себе, како знак за ужасна вина која не си го знае злосторот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мајка веќе со години беше наглува, и ништо не можеше да чуе преку телефонската слушалка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сакам да им кажам на овие што ни ги извадија очите и ни ги пробушија ушите со кампањата за учење и за знаење дека мајката на секоја ука е казната.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
„Чедо мое“, прошепоти мајка ѝ, без да ја возврати прегратката и таа сфати, сосема поразено, дека мајка ѝ нема сила ни да ја подигне раката за да ја гушне.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Ти мислиш, дека мајка му е мајка ти: ќе вика по тебе, ќе те бара, а потем ќе те крене на раце и ќе те однесе дома!“
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Ова мало лицемерно суштество многупати се обидувало да ми докаже дека мајка ѝ (ха, значи мојата сопруга!) тешко живее.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ние сите знаеме дека мајка ти повеќе гледа на тебе отколку на свои очи.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Лена отсекогаш сметала дека мајка ѝ го „изневерува“ бракот, дека „живее во лага“ и е „неблагодарна“ што ги користи домот и парите на нејзиниот очув, а ја изневерува неговата доверба.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Подоцна, кога се смири, му кажа дека мајка ѝ ѝ родила братче, но умрело по раѓањето.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Тој се колнеше дека мајка му е гулабица, а кога го сплеткавме пцуеше исто како овој.“ „Но тој проповедаше дека Господ ќе ги претвори сите луѓе во нешто - смешно, не можам да се сетам сега.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ова мало лицемерно суштество многупати се обидувало да ми докаже дека мајка и ( ха, значи мојата сопруга) течко живее. Diabetes mellitus.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И јас не верував, татко ми ми кажуваше дека мајка ми умрела од рак, тоа е официјалната верзија којашто и ти ја знаеш.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Се шушкаше дека мајката на Мишко е болна од рак на желудникот.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Карл не можеше да поверува дека мајка му, што е во друга држава толку долго, толку години е болна...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Марија, којзнае по кој пат, се увери дека мајка ѝ, и во најтешките ситуации во животот, беше неуморен оптимист.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Неколкупати, откако ќе си легнеше Карл, уште не длабоко заспан, осеќаше дека мајка му Марија се доближува до неговиот кревет и нежно, со очи полни со љубов, гледа во неговото лице...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Таа, а и Хелвиг, којзнае дали му кажувале дека мајка му е жива.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Затоа премолче. Слушна дека мајка им отсечно рече: - Ајде деца, донесете нешто да каснеме.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сакаше да заборави дека мајка му еднаш пред него, оддалеку наспомна и таква работа, - „ако сакаат“, Марија да се ослободи од бременоста.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Ни на крај памет не ми доаѓаше дека мајка му и татко му ќе испаднат толку лоши... зли...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Не, ти со сигурност требало да знаеш дека мајка ти и татко ти нема да ја одобрат таквата твоја одлука.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- А и ти Хелвиг, еднаш спомна дека мајка му е од многу сиромашно семејство.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Дури на Елена ѝ се стори дека мајка ѝ се загрижи. Се замисли.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Онака, од страна како таа сцена ја гледаат Митра и Петра, се чини дека мајката си ги кара децата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Војничето виде дека Мајка влегува во шемата на инструкцијата и, пред да го постави предвиденото прашање, уште еднаш погледна во паспортот па, подавајќи ѝ го на смирената Мајка, ѝ рече: – Те разбирам, те разбирам, Мајко, ама не можам да разберам зошто си ја напушташ татковината предвреме кога таму, преку границата, толку многу си страдала!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Беше јасно дека Мајка ја беше изменила приказната или сега ни кажуваше нешто ново, непознато.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Можеше да се рече дека Мајка, за многумина, остана светицата на нашата улица.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко, кога нѐ виде сите собрани, пред куќата, на прагот, готови да полетаме, како семејство, кон најблискиот облак, за да ја минеме границата, веднаш, по силната возбуда што ја почувствува во мигот, претпостави дека Мајка или го насетила денот на конечното заминување или веќе наминал претпазливиот Гури Порадеци којшто, свесен за критичноста на мигот за опстанокот на побратименото семејство, не сакаше ништо да му препушти на случајот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
За прв пат дозна дека Мајка, во Солун, учела и француски јазик.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ги повикував другите синови, барајќи некаква утеха во тоа, да побрзаат за да не биде доцна, да не си поигруваат со осаменоста на родителите, да заборават на помислата дека мајка им ќе биде секогаш тука, дека ќе ги чека, зашто, еве, мене повеќе не ме чека.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ние, децата, и постарите и помладите, знаевме дека Мајка, при раѓањето, ја загубила својата мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Јас и со Целета малу имав работа, но знаев дека тој наоѓаше луѓе со роднини во Америка, ќе ги наговореше како да побараат стрептомицин од роднината, да му речат дека мајка му или син му се на умирање, така некако.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Зашто знаеше дека мајка ѝ оди да ја извади онаа петолирка од ралото шарени зетовски чорапи на татка ѝ што тој ја прати како аманет од Влашко пред да издивне.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ја прегрна и, цврсто држејќи ја, велеше дека мајка среќа немала синот единак да го порасне и невеста за одмена да и донесе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се фатив за џебот од панталончињата да проверам дали парите ми се сѐ уште таму: таму беа, проѕвечкаа кога ги притиснав.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се сетив дека се симнав да купам леб и дека мајка ми ме чекаше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Знаев дека мајка ми ќе ме кара, но сепак, побрзав да стигнам дома за да ѝ раскажам за лулашките и за да не ме чекаат Мони и Бистра.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Почувствува нов бран на пот како ја облева и ги залепи рацете до телото.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Заборави на тоа дека мајка ѝ сигурно ќе забележи дека отворала во нејзиното креденче, излезе среќна од бањата и тргна на училиште, зад себе оставајќи трага од мирис на праски.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Каде одите? - ги прашав задишана.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога се сеќавам сега, чинам дека мајка ми сето време смислуваше како ќе го пречека, додека ние децата не престанувавме да прашуваме што ќе ни донесе.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Вчера, кога си игравме со Аделина, таа ми рече дека мајка ѝ Марина има поголеми цицки од мама.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Браво! - и стана да ѝ се понуди на мајка ми за помош во кујната, зашто Тета е необично вредна и не може да поднесува несредена куќа, а згора на тоа постојано мисли дека мајка ми не може сама, без туѓа помош, да се снаоѓа во куќата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Не знам колку време барав, само знам дека бев среќен што филмот на телевија што го гледаа родителите е интересен па така бев сигурен дека мајка ми нема да ме открие.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Нели ти реков дека мајки и татковци не поднесувам?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Јас сега ќе одам надвор и ќе им раскажам на другарите дека мајка ми пишува роман за деца.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Знаеме ние дека мајка ми и татко ми неизоставно ќе дојдат да нѐ бакнат пред спиење, заедно со нив ќе ја отпееме нашата „химна“ пред заспивање: „Ние сме мали дечиња, играме како мечиња“, и ќе се смееме потоа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сè ми се чини дека е друг човек откако некој му кажа дека мајка ми не е мртва, како што тој веруваше, туку дека живее некаде во странство и дека постојано ја наоѓаат камен пијана по ноќните клубови.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Додека ги облекував пижамите слушнав дека мајка ми му рече на татко ми: - Би се опкладила дека старион навистина го носел пиштолот со себе.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Дедо ми раскажуваше дека мајка ми секое лето, уште од прво одделение, па сè до шесто, пред да се преселат во Скопје, поминувала по петнаесет дена во Детското летувалиште на Пелистер.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И токму кога бев сигурен дека мајка ми ќе ме пофали заради тоа, таа почна гласно да се смее, ме погали по косата и рече: - Не е убаво да лажеш.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сама правев дупки на гробот мислејќи дека мајка ми ќе се сожали и ќе стане.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас тогаш плачев и бев убедена дека мајка ми ме гледа и дека плаче за мене.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Втората вечер веќе не мислев дека мајка ми ќе се врати.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас почнав да врескам, жените почнаа да ме тешат дека мајка ми спие.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Решив јавно да ја изложам мојата дилема: - Дали е добро што имате толку доверба во нас?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„ВРАЌАЊЕ” ОД ИНДИЈА Тој ден, кога поверував дека „ја имам за дружење”, забележав дека мајка ми е некако променета.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Го употребуваме само ние двете и таа добро знае што јас подразбирам под “дружење”, а јас пак исто така многу добро знам дека мајка ми понекогаш намерно се прави дека не го сфаќа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таму никогаш пред тоа сама не сум отишла, но знам дека мајка ми често оди и вели дека тоа место ја смирува, оти имало голема енергетска моќ и дека, и кога е среќна и кога е тажна, добро се чувствува откако ќе поседи малку таму.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тој, кога сме на состанок, не зборува како што има обичај, дека мајка ми за сѐ е крива и тие негови глупости, туку сосема поинаку. Баш како што треба.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Седев и гледав како сонцето се пробива низ гранките и одблеснува во водата, толку весела, толку жуборлива.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)