дека (сврз.) - мрак (имн.)

Намуртено надоаѓа сивото предвечерје и кога се чини дека мракот се ќе споплати, тогаш наеднаш зад нас се тргна облакот и зад него - половина од сонцето потпрено на ридот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога новремено ми се враќаше способноста да мислам и да чувствувам, ми се чинеше дека мракот за мене нема да заврши.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Наеднаш доби впечаток дека мракот околу колибата е полн со ѕверови кои чекаат да догори онаа слама, да згасне светлината, па да натрчаат од сите страни.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Неколкупати се обидува да се сврти, да се преврти, да се фати за нешто, да се прибере, да застане на колена, да се исправи, ама со секое движење станува сѐ послаба, сѐ поистоштена и чувствува дека мракот околу неа станува сѐ погуст, дека ја притиска кон земјата, ја стега за грло, ја дави.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)