дека (сврз.) - облак (имн.)

Му се чинеше дека облаците се настрвени кучиња и од сите страни лаат во синото небо, да го парчосаат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А оној розов здив, што толку многу те разгалувал, не бил само облак, иако подмолно тврдеше дека облакот не те ни допрел.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Затоа околу полноќ појде кон далечната перифериска двокатница и виде дека облаците беа спуштени над неговото теме сосем ниско.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Кога ја слушавме захрчената кутија обесена на врбата, по наведените имиња на планините и ридовите, веќе знаевме дека облакот на војната виси над нашите куќи и токму нив ги гори оган.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во еден од секавичните проблесоци на свеста, му помина само една ластовичка од мисла што му избега во истиот миг: дека облаците над него го носат времето во неповрат, како што се топат во небото и како што тој самиот себеси ќе си се спржи во пепел.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)