дека (сврз.) - одмазда (имн.)

Штом слушаше ти за неговото убиство, твојот поглед пламнуваше а ужас; и, вцрвен од лутина, клетва ти даде во својот гнев - дека одмазда ружаш.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Се обидував да му објаснам дека тоа не е нормално, дека е целосно лудо; дека не би можела да издржам, дека ме скокотка, а тој рече: „Да не те понижува, можеби?“, и јас, во тој момент знаев, бев сигурна дека Јан Лудвик не е дојден туку-така и дека одмаздата, без разлика колку тој се преправаше дека е рамнодушен кон сѐ што му се беше случило, сѐ уште тлее во неговата душа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)