дека (сврз.) - пат (имн.)

Ноќе зјапавме во небото скокавме во мислите од ѕвезда на ѕвезда и јас како постар ѓоа те подучував дека патот до среќната иднина е поплочен со светнати ѕвезди.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Имаш претстава дека патиштата се пренатрупани со автомобили а, сепак, за сите има место и слободен премин.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Младинците сметале дека тој амблем - гемија на суво - најмногу одговара на нивната определба и разбирање: лица кои што мислат дека патот што го следеле сите обични луѓе стремејќи се кон егзистенција, бил несигурен, зашто на крајот, при постојните општествено-економски услови во Македонија, тој пат водел кон неуспех.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Заклучокот на сето ова е дека патот до задоволството е многу тежок, но ако сме доследни и истрајни ќе го изодиме.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И само по десетина чекори, кога беше навлезен во сивината на таа осојничава длабочина, тој знаеше дека патот меѓу стеблата може да биде и единственото нешто, што ќе е во состојба да го пребори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За сето време во неговото сознание остануваше чисто само тоа, дека патот низ оваа угорница и при обично летно патување зазема една поголема половина од времето, за кое се стасува в село.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тешко можел да сфати, сега по смртта на момчето што можело да биде колкав што бил и неговиот син, дека патот на луѓето од Кукулино се протегал од смрт кон убивање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се обидел да ја проголта горчливоста во устата и ги стиснал очите со дланка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тука се собравме за да ни кажат дека патот ќе не води натаму, а каде, има луѓе кои знаат.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Всушност ја следела само својата добра намера; сакала да му покаже на Пачев дека патот на другото време е сместен негде повисоко, а неа ја мачела токму таа тајна: да го пронајде тој пат.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Јас тврдам дека патот до таинственото здание на детските сништа, кое плови во ветрова запрега, го знае само јунаков на нашава приказна.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Надвор од градот, во широката рамница завршува асфалтираната улица и знак дека патот е во градба.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во крајпатната кафеана во Като Калиники (старото име му е Долно Клештени), ендопјите - така тука и во цела Северна Грција дојденците од Мала Азија, а и оние јужно од Олимп ги викаат староседелците - значи Македонците, ни рекоа дека патот за Костур преку Бигла е поубав и попријатен за возење.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се гледа дека патот не е употребуван.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Биди уверен, пријателе, дека патот ми беше познат: пет чекори до првиот басамак, дваесет и три крцкави ребра на скалите, девет чекори на лево до собата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Рече дека патот од станицата преку полето и ридовите додека одел кон Горно Морино прилично го изморил.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Затоа упатените тврдат дека патот на добрите намери не е секогаш поплочан и дека понекогаш на тој пат наидуваме и на понекој трн.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Ви велев јас, вели Лазор Ночески, ви велев дека патот им е за бегање.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)