дека (сврз.) - поезија (имн.)

Комесарот Темелко, кој инсистираше поетот да јуриш во првите редови како доказ дека поезијата и револуцијата одат рака под рака, нареди повлекување.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во тезата дека поезијата е единство на: - јазик, музика, време; - јазик, слика, време; - јазик, мисла, време.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Тргнувам од тоа дека поезијата е приватна религија, а песната јазик во движење.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Сурфам на yahoo, играм на SPS слушам техно музика и мислам дека поезијата е какање.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Тогаш не знаев дека поезијата е за една глава над астрономијата - не ги испитува ѕвездите туку лесно, на волшебен начин, ги симнува на земја.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)