дека (сврз.) - порака (имн.)

Можам и сега да тврдам дека пораката на неговите зголемени очи заради прилично мрачниот ходник не беше заканувачка или непријателска.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Помислив во собата има некој - рече стражарот откако ја внесе низ вратата бушавата глава.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Беше јасно дека пораката на Водачот им даде нов тек на настаните.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Па и сега, иако разумот му велеше дека пораката веројатно значи смрт - сепак, тоа не беше она во што веруваше и неразумната надеж опстојуваше, и срцето му биеше, и со тешкотии си го контролираше гласот да не му трепери додека ги мрмореше своите бројки во говорпишувачот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сметам дека пораките што ги восприемаме во голема мера се вообличени со формата преку која доаѓаат до нас.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)