дека (сврз.) - постапка (имн.)

Судот, во текот на целата постапка, по службена должност внимава дали работата е пресудена правосилно [res iudicata] и ако утврди дека постапката е поведена за барање за кое веќе е одлучено правосилно ќе ја отфрли тужбата (чл. 322, ст.1- 2 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Слушајќи ги ваквите размислувања на тетка Боса не можев да се ослободам од впечатокот дека таа се трудеше да нѐ увери дека постапките на смртта повеќе се потпираат на стрпливоста при изведувањето на тие постапки а помалку на случајноста.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Второ, со новата формулација законодавецот предвидел дека постапката за информирање и консултации ќе се одвива само со претставниците на работниците, а не и со синдикатите, како што беше претходно утврдено.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Тој, всушност, сметал дека постапката на Татарчев и Матов во Бугарија ја компромитирала самостојноста на македонското движење.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Судиите, судиите поротници, вишите судски советници, самостојни судски советници, судски советници, стручни соработници, судски приправници, судските вешти лица, толкувачите, преведувачите и другите лица кои учествуваат во постапката и надвор од неа, должни се да ја чуваат од неовластено откривање класифицираната информација со соодветен степен на тајност утврдена согласно со закон, без оглед како ја дознале.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тоа значи дека постапката на деконструкција и анализа на формите и ситуациите од минатото функционира како генератор за новите услови за развој на поединецот внатре во рамките на колективот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Претседателот на судот може на седницата на судиите да покани и судии- поротници кога се разгледуваат прашања што се однесуваат на учеството на судиите- поротници во судењето (чл. 92, ст.3 од ЗСуд).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)