дека (сврз.) - потрага (имн.)

Знам дека потрагата ќе биде неизвесна. Патот е посеан со пречки.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога те сретнав тебе, сфатив дека потрагата по оние кои ме зачнале ме одведе кај овоплотувањето на она женско суштество кое ми се појавуваше со години.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Татко веруваше дека потрагата на Сокол Мечевски ќе ја влее во сопствената и, така, полесно ќе стигне до тајната на семејството на Окијаровци.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
А сигурно тоа женско суштество беше создадено од трагите на оние наши средби во детството.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Татко беше свесен дека потрагата по чистите јазици е облик на утопија која брзо се судира со природноста на еволуцијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)