дека (сврз.) - правда (имн.)

Башевски како да се надоврзува на Селимовиќ, но додека Селимовиќ го воведува ликот на Хасан, кој верува дека спасувањето на братот не може да се доведува под прашање заради виша правда, туку дека правдата може да се оствари само преку поединечното спасување, т.е. дека универзалното го нема, ако го нема во поединечното, во Бунар нема позотивни нишки на ликови чија етика не се доведува под прашање.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Затоа Фонче секого го охрабруваше и му велеше дека правдата е на негова страна.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Му пресуди на агрономот и го плати тоа со ново страдање не толку од љубов кон мене, туку затоа што е правичен човек и се плашел дека правдата нема да го стигне агрономот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Вие добро знаете дека правдата е најсложеното и најкомплексното обележје на човековиот живот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)