дека (сврз.) - престој (имн.)

Кога и реков дека престојот ќе го скратам за еден месец, таа ми го искажа прикриеното задоволство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Таа ноќ, бодро чекорејќи кон хотелот, надлежниот писател од престолнината чувствува дека престојот во Северните шуми добро ќе му користи.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Се надевав, дека престојот во С. не ќе биде долг, дека брзо ќе се види дали ќе успее мојата мисија, дали моето име на главен коментатор и уредник во „Време“, со години на ред и главен аниматор и учесник во некои важни кадровски консултации, ќе биде гаранција дека брзо ќе ги завршам работите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)