дека (сврз.) - приказна (имн.)

18 Откако целосно се прочистив од сите можни чувства на заљубеност, бев сигурна во себе и знаев дека приказната со Змејко е конечно завршена.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
НАРАЦИИ Значење Идејата дека значењето е она што индивидуите му го припишуваат на своето искуство како нешто конститутивно во нивните животи, ги охрабило социолозите да ја истражуваат природата на рамките кои ја олеснуваат интерпретацијата на искуството.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Бидејќи тие метафори припаѓаат на различни гледишта, и бидејќи некои од нив меѓусебно се разликуваат, овде ќе презентирам некои размислувања за наративната метафора со кои се надевам дека попрецизно ќе ја определам.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Наративна структура Зборувајќи за текстовите, Брунер (Bruner, 1986) претпоставува дека приказните се составени од две нивоа - “ниво на акција” и “ниво на свесност”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Многу од тие социјални научници тврдат дека приказната или нарацијата, е она што ја дава првата рамка за ваквата интерпретација, за активноста на создавање-на-значење: дека преку нарациите или приказните на индивидуите за сопствените животи и за животите на другите, тие го осмислуваат искуството.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Според тоа многу малку од неговиот нервен систем ќе остане неизменет, и јасно е сега дека приказната за поделената личност ќе биде тука интуитивно најплаузибилна.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
По сѐ изгледа дека приказните за „крајот на идеологијата“ се нешто во што Саркањац не верува.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ние ќе кажеме нешто само за заклучокот од оваа глава.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Набрзо ме напушти логичното расудување, па си велам можеби ќе бидам малку неразумна, ама мора да признаете дека приказните за магии сè уште постојат, особено во нашава бајковидна земјичка.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Можеби настаната од потребата да се поттикне јунаштвото кај борците; (нели, се зборуваше, откако успеал да ја протне бомбата низ отворот на бункерот, тој со своите гради го затнал тој отвор низ кој митралезот го бранел влезот во рудникот) а притоа творците на ова тврдење изумиле дека приказнава може да втаса и до ушите на тетка Боса Сотирова и дека тогаш јунаштвото на Благоја нема да е поттик туку ќе претставува бодеж што ќе длаби во срцето на несреќната мајка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Всушност бев заклучил дека приказната на Б.С. нуди две објаснувања.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)