дека (сврз.) - присуство (имн.)

Во една опширно разглобувана и честопати оспорувана низа од социолошки и статистички студии на она што го нарекол „креативен сталеж“, Флорида тврди дека присуството на геј- луѓето во некое место е одличен предзнак на одржлива високотехнолошка индустрија и на нејзиниот потенцијал за раст.11
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Татко и Камилски беа свесни дека присуството на турцизмите во балканските јазици означуваше посебен феномен, означуваше олицетворение на еден балкански јазичен менталитет кој бил одржуван со векови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Несомнено дека присуството на единиците на НОВ и ПО на Македонија во делот на Македонија под Грција не одело во прилог на замислената британска политика.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Успехот на единиците на Црвената армија на Источниот фронт, како и напредувањето на британските и американските единици на сите фронтови во текот на 1943 година го навестуваа поразот на коалицијата која се стремела кон "Новиот поредок".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Секако дека присуството на британските воени мисии на териториите на Албанија и на Грција, кои се движеле во пограничните подрачја со Македонија и биле сведоци на борбите на партизанските единици со Италијанците, Германците и Бугарите, имало влијание да се побара испраќање воени мисии во Македонија во единиците на НОВ и ПОМ, за да можат да се запознаат со сето она што се случувало на територијата на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Се разбира дека присуството на д-р Сотировски, единствен Југословен во Париската опсерваторија, која со макотрпна и деноноќна работа се пробива во врвовите на науката, ми овозможи уште полесно да се вовлечам во многуте катчиња од опсерваторијата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)