дека (сврз.) - проблем (имн.)

Ја споменавте „Нацијата“, во која ги опишав одговорите. Washington и The New York Times, мислам, ја протолкуваа сликата многу различно, едниот ги опиша усните на евреинот како „ласцивни“, а другиот како „претерано стегнати“ - што индицира дека проблемот не е таму каде што тие го лоцираа, бидејќи не сум можел да ги нацртам усните истовремено и такви и такви. Моја ограниченост.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Лесно можеше да претпостави дека проблемите се тесно поврзани со дишните патишта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Треба да знаеш кога да го растуриш орото што си го започнал,“ беше девизата на Шефот, свесен дека проблемот добиваше сè пошироки димензии.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Насетував дека проблемот има пошироки димензии.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Како прво, пропуштам да воочам дека проблемот на главниот лик е реален и доволно интересен за сам да го генерира дејствието.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Знам дека проблемот на интегралната формализација е проблем на математичарите и логичарите, но ако таа интегрална формализација не е можна тогаш и во самите науки постои она нешто што на уметностите или поетиките не им е туѓо.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Не верувам дека проблемот се постава инаку во книжевноста отколку во другите уметности, но, ете, просто немав прилика за книжевноста да ја напишам книгата што сакав. » Книгата што ја напишав не е историја на филозофијата, туку е текст што сакав да го напишам за Фуко, за тоа како јас го доживувам и како му се восхитувам.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Беше како некој човек на кој му беше извршена голема операција и кој се освестил од етерот, а сè уште не чувствува никаква болка и не знае ништо освен дека проблемот е решен и дека со нетрпение чека да живее онаков живот каков што живеел пред да се разболи.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Отстапувањето на делот на Македонија во рамките на Бугарија и ставот на италијанските комунисти за Истра и Трст тој го сметал како непобитна "илустрација на дејствувањето на овој 'Паџ Совиетица'".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но бил сигурен во едно, дека "нивните заемни односи ќе бидат во сè поголема мера регулирани и дека проблемите што ќе се појават меѓу нив ќе бидат решавани во склоп на желбите на Москва".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Токму оваа тешкотија да се изрази она што е нефизичко, претставува основа да се изведе заклучокот дека менталните состојби се физички.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Општо е познато, како во научните, така и во филозофските кругови, дека проблемот за односот на духот и телото можеби и не може да биде решен.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Дури и да ми сошијат под кожата постава од оловни прачки нема да успеат да ме задржат во ова време…
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тие не сфаќаат – ми објаснуваше Пеперутката – дека проблемот не е во коските, дури ни во самиот лет туку во преминот од едно во друго време.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тогаш мислев дека проблемот е во нив, но сега мислам дека знам во што била работата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сакав да му кажам кога ќе си легнеме, но се премислив.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тој, од своја страна, својата начелна вина во ниеден момент не ја губеше предвид и, исто така, немаше илузија дека проблемот на истата начелна вина го има и таа, но не сфаќаше зошто тоа за возрасни и зрели луѓе би резултирало со уништување на бракот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Изгледа дека нема сомневање во тоа дека проблемите на проектирањето за кои дискутиравме се многу важни во овој посебен случај на проектирање објект за лечење и нега на ментално болните.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Кога ќе сфатиме дека “со своето прифаќање или одбивање го расипуваме единството на нештата”, јасно се открива дека проблемот воопшто не е во светот кој нѐ опкружува (нештата во него се само она што се), туку во нашето секогаш смалено и лично обоено гледање кое нѐ изобличува и отуѓува од себе.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Таа своја ангажираност вести дека проблемот е проблем насекаде во светот, тој интерес има ѕвездени треперења, траги за една трета димензија на пораката произлезена од песните.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Кутрото теле сѐ уште не знаело дека проблемот не е во боите туку во вратата која се отвара но може и да се затвори.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се разбира напати и ќе помислев дека проблемот треба да се размрси.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Доцна во ноќта сепак дојдов на себе и по кратко трезвено размислување сфатив дека проблемот со ѓонот повторно никна, скоро од никаде, и овојпат ми се наметна со уште поголема жестина.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)