дека (сврз.) - професор (имн.)

Макар што излезе рехабилитиран, тогашните млади ранобудни патриоти добро му ги беа затвориле сите пристапи кон Катедрата за педагогија, чиј основач беше, повикувајќи се на фактот дека професорот засекогаш се збогувал со Комунистичката партија, со што пристапот кон Универзитетот бил невозможен.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој добро знаеше уште од студентските денови дека професорот Климент Камилски бил непоправлив идеалист, човек со изворна и ретка хуманост, добрина која не се сретнува, најсакан и најомилен професор, трибун во младоста со интелектуална храброст која ретко се сретнувала на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)