дека (сврз.) - работа (имн.)

По ова, откако Кукулев увидува дека работите не се движат во посакуваната насока кон нивно подобрување и ситуацијата станува прилично усложнета и алармантна – се решава, директно, по судски пат да си ги заштити своите работнички права, без да се обрати до Трудовата инспекција.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, овие обиди завршуваат безуспешно – по што кризата на ова претпријатие се продлабочува, а со тоа и агонијата на тамошните вработени чијашто егзистенција, нивна и на членовите на нивните потесни семејства кои ги издржуваат, е доведена во прашање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Да биде апсурдот уште поголем, Митревски истакнува дека работата во хотел „Епинал“ била сѐ само не нешто што би можело да се нарече дејност на „културен работник“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Бидејќи во договорот за закуп не е предвидено извршување на угостителски активности во просторот каде што се наоѓаше Клуб- кафеаната, Митревски и уште деветмина работници кои работеа во таа кафеана, во мај 2006, по наредба на новиот работодавач се префрлени на извршување на работни задачи во битолскиот хотел „Епинал“, и тоа не како угостителски работници, туку како културни работници (работна позиција според новите договори за работа).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не. Не дека работата не е во тоа. Сега немам време за тоа.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Човекот со кого јас седев, кога мислеше дека работата узреала, пак го викна оној лизуркото.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тој ден, по првото копање со компресорот, откога видов дека работата тргнува, по толку месеци, првпат отидов во Монастир да се потстрижам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ден или два откако го испратив писмото до Агна, забележав дека работата на копањето на бунарот губи во своето темпо.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Како знам? Имам око јас за тие работи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тамам си мислиш дека сè ти се погодило во мачната проводаџиска работа и дека работата е завршена за мерак, кога - трааас! - портите на нечиј брачен рај ти се затвориле пред носот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ми тропна под прозорецот и ме извести дека работата и натаму е лоша и кој знае до утре што ќе биде...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Што велите вие, а? — запраша Адем доволен дека работата благополучно ја сврши.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од толку брмчење не се разбра баш најјасно дека секој Давид нема прачка, а и никому не му текна да се праша дали оној Голијат се струполил од каменот од прачката или можеби од погледот на Давид што изгледа поверојатно и пологично.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Пред да влезе во Академијата во Фиренца една селанка намирисана од медитеранот се фали дека смоквите годинава дале богат род, а кога излезе од Академијата прошепоти дека работата не била во смоквите туку во лисјата и дека тие наеднаш исушиле и суви се изрониле баш кога Микенанѓело му го заоблувал левото маде на Давид.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Во војната од македонска страна загинаа 70 лица.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Ценејќи дека работите во однос на ситуацијата во Македонија се средени со имплементација на Рамковниот договор на 21 ноември СДСМ, ЛП и СП ја напуштија Владата на политичко единство и преминаа во опозиција.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Татко често ни кажуваше дека работата го чини самиот живот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Заменикот Палигоров си мислеше дека е повикан на обична работна консултација кај шефот, но кога тој ѝ рече на секретарката да не му ги пренесува телефонските повици, а ова ретко му се случуваше, во себе си помисли дека работите не одат на арно, но си го задржа спокојот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но, сепак, се чинеше дека работите се сплеткале, пак на штета на Татко, околу тоа проклето одликување.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Не можеше да поверува дека работите стигнале толку далеку и толку високо.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во таа цел, Hence Dante Gabriel Rosseti 1861. година изјави дека работата на преведувачот во себе носи стремеж на себелишување и задушување на сопствените креативни импулси,сугерирајќи дека често преведувачот ќе се послужеше со идиоми на својата епоха и со свои сопствени, за да го разубави текстот, но само кога неговото би му припаѓало нему; често по некоја каденца ќе му послужеше, но за структурата на авторот - и по некоја структура, но за авторовата каденца... okno.mk | Margina #8-9 [1994] 27
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во меѓувреме на Брчалото пак му дојде писмо во жолтеникав плик од Америка и, откако тој се осигури дека работите на Тумбица добро се одвиваат, пак се изгуби од Брезница.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Сега веќе, конечно, тој знаеше дека работата е во период на разврска.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Води сметка само за едно, дека работата е итна - реков.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ристе ме погледна како првпат да ја слушнал порачката.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мислиш дека ако ја напуштиш работата и отидеш на друго место, ќе ти биде поинаку, но каде и да отидеш, проблемот не е во местото, сакаш да отидеш на некое друго место, и кога ќе отидеш таму, ќе сфатиш дека работата не е во местото.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Нормално, никој не се јави; тој го зеде листот, го искина на милијарда ситни парчиња, пепел го стори, и јас знаев, по тој гест, кој кај власта е многу чест, дека работите не се чисти.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Колку што повеќе се развиваме вкоренети во свесноста за сега, толку понеобично изгледа фактот дека работите воопшто некогаш биле поинакви.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Малку потоа ете ти уште толку француски и англиски, разбрав дека работата на Турција и е спукана: автономијата на Македонија доаѓаше.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Делчев, кој секогаш се однесувал со симпатии и внимание кон гемиџиите, му ветил на Орце дека за ова прашање ќе му пише на ЦК и дека работите ќе се средат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тој веруваше дека работата може да го излекува лудилото, или барем да помогне во излекувањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во Гнездо не работеа само сенилните, парализираните, и оние кои неподвижно лежеа в кревет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа за Никодин значеше дека работите тргнуваат на подобро.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сакаше да верува дека работата е нешто сосема друго, дека само таа е она, што останува, дека никој не ќе биде во состојба да ја извалка неа...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Чуварот засркнато и нерешително им рече дека работите што ги имаат в џеб веќе не им се потребни и подобро ќе биде да му ги остават нему.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Подоцна разбрав дека работите имале поинаков тек.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Овој факт Ласте и сега со гордост го истакнуваше бидејќи беше длабоко убеден дека работата во интерес на здравјето на народните маси, подразбира широк фронт кој бара храбри и учени луѓе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сфатив дека замката, во која паднавме со Нинослав, ни ја поставил Шефот во соработка со Андон Клековски, Богдан Русимиров и госпоѓа Мариела.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кога оцени дека работите созреваат за акција, а тоа беше средината на март, Шефот ѝ испрати анонимна “интернет мува” на Ема со мал сегмент од видеоснимката кој сведочеше за автентичноста на материјалот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„А, не; ништо такво. Факт е дека работата навистина е мошне проста, и не се сомневам дека сами не би можеле успешно да ја завршиме; но си помислив дека можеби Дипен ќе сака да ги чуе деталите, бидејќи тој случај е претерано чуден.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во тој случај, тој ќе им плука во бунарите и сите ќе ги зарази со чума и сите тие во претсмртното стенкање ќе заборават на рајот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но кога стигна во Јапонија, забележа дека работите не стојат онака како што ги прикажал Марко Поло во своите Патувања.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Извини, но морам да ти плеснам в лице дека си грозна, сега морам да бидам начисто со тоа дека работата е семејна, не си ти инаква иако се надевав дека си исклучок, момент кога сè она што боли престанува и ѝ го одстапува местото на лагодноста, пенливо дрдорење и тогаш се губиме зад аголот; гледаш, испадна уште полошо, се појавуваш како опачина на мојата надеж, цинично ми го трескаш прозорецот и остануваш таму, чекаш да ги навлечам чизмите, да го земам капутот и чадорот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Воопшто, изгледа дека работите ќе почнат да се хармонизираат.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сватив дека работите што ги сакам за себе, не се поистоветуваат со оние по кои копнеам или мечтаам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Зошто сето тоа би изгледало неподносливо, ако не постои некој вид наследено сеќавање дека работите некогаш биле поинакви ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Претпоставуваше - зашто понекогаш ја гледаше со измастени раце и како носи клуч за навртки - дека работи на одржувањето на некоја од машините за пишување романи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дури, штом виде дека работата напредна, и неговата волја порасна.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Во тоа е проблемот; меѓутоа Гедел укапирал дека работите се покомплицирани од што може да се помисли.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сѐ помалку веруваше дека работите ќе тргнат на подобро.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Мислам дека работите ќе тргнат на подобро.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
А зарем можеше да претпостави, во тие први години со Хелвиг, кога навистина заедничкиот живот им одеше добро, дека работите ќе земат ваков тек?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Верувам дека работите ќе одат добро...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И штом го виде дедот Петка оти иде кај нив, веднаш се сети дека работата е готова.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таа ноќ кај Попови ламбата не угасна Бисера остана да го дочека резултатот од Шпировиот сводниклак, иако знаеше дека работата е свршена од самиот Крсте.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од него Илко разбра дека работата е готова.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Додека не сфатив дека работата не е во слушањето Ами во пренесувањето на туѓите муабети во надлежните служби А мене тоа ниту ми паднало ниту ќе ми падне на ум Што чув не чув што видов не видов Ако некој баш запне да се интересира Може само да му додадам дека тој за кого прашува Тукушто помина оттука и воопшто не го видов и точка Така било така и ќе биде до последната коала Оти во нашиот род никогаш немало и нема ни да има кодоши Објективните биолошки околности се такви
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
19. Му верувам зошто да не му верувам на Чарлс Дарвин Дека ние коалите сме можеби најпознатата врста дембели Добро де и оние Црногорците на Балканот биле во мртва трка со нас За нив не сакам да си ја грешам душата Ама за нас коалите бев чула дека ако крстителите Немале пошироки погледи на светот И ако ги гледале само нашите навики Австралија можеле да ја наречат и Дембелија пу пу скраја да е Туф туф врста дембели А што сме мислители и сонувачи никому не му е гајле Кога секое суштество е дадено на многу мислење Нема многу време за работа Сега некој зајадлив ќе рече кој работи не мисли Или колку повеќе работиш толку помалку мислиш Други зајадливци ќе речат дека работата го создала човекот Не се сеќавам добро ама некој како да ми рече дека тоа е цитат од Маркс
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
А некои по неговата радост заклучуваа дека работата со Комисијата е добра.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Работата му се одвиваше со сопинања, меѓутоа верувањето дека работата ќе му биде успешно, не го напушташе.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Имаше чувство дека работата не ја има завршено, особено му беа загадочни односите помеѓу Едо Бранови Иле Маленко – Брзакот со што би можела да се потврди претпоставката дека зад убиството на Јован Граматниковски сепак стои нашиот Едо.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во „Ливчињата“, под ознаката : Вечер, 21 октомври, Ѓошо Савев со скудни но бирани зборови има констатирано дека работите се одвиваат во позитивна насока; дека Мис Стон има сѐ поповолни сознанија за Револуционерната организација и за борбата на народот на Македонија за слобода, и дека не е далечен часот кога нејзиниот страв и отпор ќе прерасне во длабоко разбирање и љубов, независно од нејзината оценка дека грабнувањето го смета за несоответно и нехумано.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Инаку „Nevada“ ми беше полесна, полежерна за носење (затоа ја држев на левата рака), „Ракетата“ упорно ме потсетуваше дека работите не се мерат само по изгледот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ја пикав раката во џебот од пантолоните.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тие ќе помислат дека работата е во тоа да веруваат во она во што вие сакате тие да веруваат, такашто тие веруваат во она во што вие верувате дека е добро за нив да веруваат.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Додека последните од деветмината гости (Челичната Шепа, Човекот-Мува, Фантом, Кокино, Толос, Едвард Клешторакиот, Хулк, Хари Лајм и Старецот Зосима), што од алкохолот што поради сопствената неможност да бидат побрзи, сепак некако успеваат, сопнувај’и се, да ја напуштат таа огромна сала (едно од тајните скривалишта на господинот Сенка), дотогаш Пајо Ентропија и Даркер ладнокрвно ги пре­крстуваат рацете, чекајќи да се затвори вратата. 88 Margina #21 [1995] | okno.mk -И вие двајцата - им вели Сенка, откако сите други ќе излезат, на Пајо Ентропија и Даркер, кои чекаат наредби.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Дури тогаш неговите најблиски соработници, Пајо Ентропија и Даркер, забележуваат дека работите вечерва не се ни толку забавни ни едноставни, и бргу (веќе задоцнети!) ја испразну­ваат салата.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Таквата ситуација воспоставува, во политичка, економска и сексуална смисла невистинито поле, поле на лагата; така што, иако не лажете, живеете во еден лажен свет, како на макро така и на микро-ниво.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Одговорните, како што е одговорниот на компанијата “Cramps”, Џани Саси, мислат дека во ситуација како во Милано и \енова добро е тоа што публиката е непомирлива, туку активна; но фактот дека постапуваат така да не може да се чуе она за што дојдоа да го чујат, а потоа да кажат дека работата која не ја чуле е успех...
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Точно е дека работите се случуваат постепено, како растот на семето во природата, но исто така точно е и тоа дека работите се случуваат ненадејно, како земјотресот, громот и сл.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
„Гранкиве ќе ги изгориме, пепелта е многу добра за прехранување, се мора да се искористи! “ - на лицето му се гледаше задоволство дека работата успешно привршува.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Како да заборави да одречува, толку наеднаш беше понесен од верувањето дека работите ќе појдат на добро.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Синот на Тајко затрепери. Значеше ли тоа дека работите се редеа во негова полза?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Знаеш дека работата живот ми значи.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Се чини дека работа му беше како полошо да ме повреди, да ме срамни со земја, да остави грозна неизлечива трага од болка во моето срце.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)