дека (сврз.) - рака (имн.)

Стисокот траеше не повеќе од десет секунди, а сепак му се стори дека рацете им се составени долго време.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Стево Трајчов се обидуваше да го праша нешто својот адвокат кој набрзина внесуваше белешки на листот истрган од папката со материјали од истражната постапка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Рацете на Круме Волнаровски му беа залепени со дланките и спуштени меѓу колениците (имав впечаток дека рацете му беа во силен стисок меѓу колениците, за што тој, најверојатно, не беше свесен), а главата му висеше напред така што од мојата страна можев да му го гледам само левиот образ и дел од темето во сиви нијанси како лишај на кутнато дрво.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
До каде може да се оди со аналогиите? ]е се оди ли дотаму, како што се осмели Theodore Reff во својата статија (17 бис), дека раката со испружениот показалец на сликата Tu mќ се споредува со раката на Богородицата на карпите, но каква што наоѓаме, насочена кон небото, и во Девицата, Детето Исус, Светата Ана и Светиот Јован Крстител, како и на сликата Бахус од Лувр и на Светиот Јован Крстител...
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
И забележувам дека рацете на мојот shrink потреперуваат.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
А чувството за тоа дека рацете им се исти, тоа чувство за близината, се враќаше кај него со секој нов дојден човек, со секој нов чивт набракнати раце, сѐ додека тоа чувство во него не израсна во некакво чудно чувствување како да си е дома, со тие луѓе во сините валкани комбинезони.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ете, тоа е лошата вест. И една многу добра.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Открив кој е таткото на Иван. Ја имам и неговата слика.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Денешниов Иван сликан пред дваесетина години.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ете тоа беа моментите кога не само што помислував туку и верував дека, во нејзиниот случај, милувањето има волшебната моќ и дека рацете навистина ѝ се престоруваа крила.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Додека ги милував чувствував како кожата ѝ станува најмеко перје.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се надевам дека раката нема да ме издаде и дека ќе бидам прецизен како некогаш кога бев млад.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Посака да стане, но увиде дека рацете и нозете му се врзани за креветот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
И без да се поздравите, сигурни сте дека рацете му се потат, дека воопшто остава впечаток на нечист човек.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)