дека (сврз.) - резе (имн.)

Кога тој ќе дојде, ќе види дека резето на портата од надворешната страна не е ставено, а портата не се отвора, ќе се сети дека овде нешто не е во ред.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Значи, кога видов така, дека резето не е ставено, виси како кога портата е отворена, подисплашено и со надеж дека се лажам, заклучив дека портата е затворена однатре.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)