дека (сврз.) - река (имн.)

Еколошкото друштво на градот Струга постојано предупредува дека реката многу се загадува, дека веќе стана депонија и на комунални и индустриски води.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Независно од другите пријателски врски кои ги имате со него, помислив еден ден дека реката Вардар ја поврзува вашата нова татковина со неговата загубена татковина, зашто, колку што знам неговиот татко е роден во Солун.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
За првпат тие видоа воз. Кога се зададе локомотивата одоздола, Митра се прицна до Толета, бидејќи ѝ се стори дека река дотечува и ќе ја однесе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Проучувајќи го, забележа дека таа појава се јавува под дејство на надворешни дразби: кога ќе чуе во сон дека реката му бучи, станува и оди на реката: влегува во неа да се капи; при допирот со водата, се буди, се исплашува и се враќа назад в кревет; понекогаш ќога ќе го чуе кучето да лае, станува, го одврзува и шета со него; кога чкрта прозорецот од ветер, му се чини дека е на лулашка и се ниша на креветот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Господе, Боже..., колку болело да изгубиш некој најблизок. 14 мај Ако ти кажам дека река од солзи течеше низ моето лице, дали ќе ми веруваш?
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)