дека (сврз.) - род (имн.)

Мечката мисли дека родот на дренки ќе биде голем тогаш кога ќе ѝ се пријаде.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А колку помалку машката хомосексуална желба се пројавува на таков агресивен, фалусен начин, толку поповрзана ќе изгледа со некоја женствена родова улога. ‌Ова значи дека родот и сексуалноста се строго поврзани.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ова можеби не важи толку за (реткиот) вид машка истополова желба што има исклучиво фалусен, агресивен и сексуално доминантен облик; но, ако сите предмети на таквата желба се машки, дури и оној традиционално мажествен стил на хомосексуална желба нема многу изгледи да избегне некакво поврзување со женскиот субјективитет или со женската родова улога.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сексуалната желба за полово конкретен вид објект е израз и на сексуален субјективитет и белег на родов идентитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Да те привлекува еден пол е да чувствуваш како да му припаѓаш на другиот пол.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)