дека (сврз.) - свадба (имн.)

Затоа јас се обидов да ја забрзам малку таа работа, но мајка ѝ на Алегра ми рече: „Не обидувај се залудно Силвија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Да споменам дека свадбата беше прекрасна и елегантна, не типична македонска, туку модерен бал на летна бавча со бенд кој ги свиреше најљубовните светски евергрин хитови.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Но подоцна, кога пак Трајан ќе разбереше од некого во селото дека свадба ќе има, пак доаѓаше в село, и пак стражарно го враќаа назад.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И Бенвениста мислеше дека свадбата треба да се случи веднаш по веридбата, но не сакаше да го навреди сватот, па и таа замолча.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)