дека (сврз.) - сведок (имн.)

Впрочем предметот беше приложен и вие потврдивте дека вашата пријава се однесува токму за таа скапоценост.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Судот може да одлучи сведокот да положи заклетва и пред да биде сослушан (чл. 231, ст.1-3 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„А јас сепак сакам да ве уверам, Даскалов, дека сведокот Басотова лично ми ја предаде изјавата и притоа не пропушти да ми го покаже на својот врат тој божем откраднат или отуѓен ѓердан.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Судот може да определи прекин на постапката кога одлуката за тужбеното барање зависи од тоа дали е сторен прекршок или кривично дело за кое се гони по службена должност, кој е сторителот и дали е тој одговорен, а особено кога ќе се појави сомневање дека сведокот или вештакот дал лажен исказ или дека исправата употребена како доказ е лажна (чл. 201, ст.2 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)