дека (сврз.) - село (имн.)

11. Кога виде Толе дека селата се наполнија со аскер, а и времето заклучи, народот војската го задржа во селата, јасно му стана дека не ќе може да презимува по меќанот — по колиби трла — како што правеше минатите години.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ама мене ми се стори оти засвире буриата ноќеска, ошче пред петли, та кознае! — пак Марко се приближи кон вистината.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Стигна некако до чебренскиот манастир, ги соблече Ѓорчевите кумитски алишта што ги зеде од Чачовци кога Ѓорче замина за Битола, ја наметна поповата антерија и долама, ја кладе поповата шапка, а бидејќи пооди некој месец и друг небричен и нестрижен се направи токму „папаз ефенди“.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толку да се успани? — забележи Марко и сите потврдија дека селото некако пусто им се виде одутрина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
1864 година Се зададе облакот а заедно со него и Петар. Тој се пробиваше низ маглата, спуштена над селото, која наликуваше на облак и создаваше слика дека селото е завиткано во облак, или се наоѓа во облаци како некое идилично рајско место. Место кое паднало до рајот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Колку што можеше да процени во тој правец надолу се опушта линијата на фронтот, заклучи дека селото на Тетинот е од оваа страна.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Знаевме и тоа дека селото ништо не прави без знаење на комитите.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Се дозна дека селото спаѓа во спорната зона која своевремено големите сили ѝ ја уцртале на Албанија.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
По чистинката се искачуваа споро, како на грбот да влечеа тони товар нагоре по стрмнината.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Освен лаењето на кучињата, се чинеше дека селото спие, потонато во мрак.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Непријатна беше претставата дека селото се состои повеќето од урнатини и порти со катинари на нив, едно урмелиште во кое уште одвај никнуваа резултатите од напорите на поединци да ги поправат своите куќи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се обѕрнав наоколу, немаше жив човек. Само кокошки, мачки и кучиња шетаа низ дворот, а според тоа како изгледаше околината, веднаш сфатив дека селото е сиромашно и дека тука луѓето скромно живеат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ги гледаа крстовите издигнати над снегот и се ежавеа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Рибарите шетаа со чуновите по езерото и не можеа да се изначудат и да им поверуваат на своите очи дека селото го нема.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се за тоа дека селото некогаш беше село.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тоа чувство дека селото се пусти и го снемува секој, помалку или повеќе, го имаше.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Дреновчани не знаеле дека селото ќе им го изгорат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)