дека (сврз.) - сестра (имн.)

Нешто во тоа движење му кажа дека сестра му е на умирање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Но, зошто се убиле? - Ана вели дека сестра ѝ сонувала со отворени очи.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во тој миг Рада помисли дека сестрата не може да носи повеќе од две бебиња, дека нејзиното ќе го донесе секој момент.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа е толку многу видливо како жена ми гледа што се случува така што лесно би можело да дојде до скандал, сестрите да се фатат за коси, но жена ми го гледа и тоа дека сестра ѝ со завист гледа во гениталиите што нејзе ѝ биле на располагање во животот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Гледам како и жена ми забележува дека сестра ѝ фрла одмерувачко око кон моите гениталии.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
183 П.Шатев, 401. 184 Видовме дека сестрата Писи била потресена од изгледот на Богданов.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Елена почувствува дека сестрата на Марија не сака многу да објаснува. Како да се плаши да не каже нешто повеќе...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ми кажа дека сестра $ се чувствувала многу добро, но смртта $ дојде, како да ја посакала во еден момент.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Јасмина беше иста возраст со Бистра и со Мони.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Па, почекај малку. Гледаш и дека сестра ѝ на Бистра чека ред.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Настаните од стварноста и од нивната фантазмагорија се судираат и се кршат едни со други, а тие се обидуваат да ја докажат својата не-стварност: еден работник во поштата е уверен дека ќерка му не патува да се сретне со вереникот во соседниот град, туку засекогаш заминува на некој далечен остров; една кројачка го фрла тукушто прочитаното писмо на сестра си, во кое таа ѝ кажува дека сака да ја види, а оваа жена е уверена дека сестра ѝ ѝ соопштува дека татко им, кој умрел многу години пред тоа, наскоро ќе ја посети; еден студент, додека гледа во книгата пред себе, во мислите ги превртува животните стории на своите колеги и професорите – настани кои тие никогаш не би ни помислиле дека некогаш би можеле да им се случат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Има луѓе кое своето Јас потполно го заменуваат со некое друго Јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Знаеше дека сестра му има пари, но никако не можеше да дојде до нив: испретури сè низ куќата, сè каде што претпоставуваше дека ги крие, но не можеше да ги најде.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)