дека (сврз.) - сила (имн.)

А беше дошло такво време – никакво: насекаде ечат фанфарите на силниците, нови тендери за извоз на демократија сѐ додека увозниците не сфатат дека сила бога не прашува.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Но, соочувајќи се со векови наназад со податокот дека силата бога не го моли, па и не знае за него, Исусовата доктрина останува тешко применлива.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Страхувам дека силата на тоа чуство на скромност може да ме направи видлив.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Уште за времето на Пунските војни, и покрај победите на Римјаните, не треба да се заборави, за да се разбере држењето на Катон дека силите на Картагинците на чело со Ханибал, откако ќе ја минат Шпанија и речиси тогаш непреодните Алпи, сериозно ќе му се заканат на Рим.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ќе речеш дека силата Луманова те натерала.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ако со нашето отцепување од балканските словенски народи го постигнеме соединувањето на сето македонско словенско население во едно цело, ние не ќе ослабнеме, туку ќе се усилиме, така што од исполнувањето на идеите што се развиени во таа книга само ќе се оправда пословицата дека силата е во соединувањето.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Почнав да штедам, бидејќи чувствувам дека силата ми попушта.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)