дека (сврз.) - синџир (имн.)

Господи, сине, ние можеме само да се надеваме дека ќе му појде на човекот од рака да го искачи некогаш на тронот она, поубавото, она што секој ден го повторуваат вашите големци.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А кога веќе е создаден тој синџир на проклетствата човекот се решил најпосле да го осуди злото, и тоа јавно, но притоа заборавил, дека синџирот е негово дело, а тоа значи дека и вината е негова.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Имаш право кога велиш дека еден таков поправеден свет им се укажувал пред очите на оние што биле спремни да ѝ се спротивстават дури и на смртта.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)