дека (сврз.) - систем (имн.)

Меѓутоа, како и целата нивна генерација, неговите родители едноставно не забележуваа дека ветровите на промените почнаа да дуваат од исток наместо од запад и дека системот во кој тие двајцата ги проживеале оние години до кои тој стигна веќе на големо се распаѓаше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Може да се рече дека системот за изразување на бројни вредности во архаичното грчко писмо го следел создавањето на конкретно грчкиот алфабет, но не бил истовремен со него.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се покажа дека поткажувањето во источногерманскиот социјализам било масовна појава и дека системот се потпирал не само на безбројните анонимни доушници туку и на најугледните имиња од, да речеме, културата и уметноста.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
„Овие истражувања покажуваат“, тврди Кауфман, „дека системите во комплексниот режим можат да спроведат и да координираат и најсложено поведение, најлесно да се прилагодуваат и да градат најполезни модели на нивните околини.“
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ваквиот релативно доцен настанок на системот на изразување на бројни вредности во грчкиот систем на писмо се покажува низ фактот на губење на грчкиот еквивалент за старосемитското садхе, кое во грчкиот систем на писмо е внесено на 27 место со бројна вредност 900.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)