дека (сврз.) - слика (имн.)

- Ова е , жими се, шумата на четирите годишни времиња. – Рече Пишпирик. – Ние сме сега пред нејзиниот есенски дел, долг шеесет минути.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Да беше ден исто така можеше да се види дека сликата е од едно четиринаесетгодишно дете, босо и облечено во измаслени работнички алишта.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Од колата видов дека сликата на пределот се мени.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Мама - извика Ели, влегувајќи во собата и веднаш се израдува дека сликата на мама е над нашите кревети.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Рековте и самите дека сликата се вика „Есенско цвеќе“, а на неа ни грам жолтило!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
За сето тоа време во училиште на часовите мислев потсвесно на тоа како се чувствувал татко ми кога видел дека сликата е преместена, дали се налутил, дали пак ја вратил на поранешното место.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Чкрта по ѕидовите и вели дека сликите живеат надвор од рамките.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)