дека (сврз.) - смрт (имн.)

Животните се без такво чувство! – рече зачудено Чанга. – Го немаат тоа чувство ни децата, сѐ додека не дознаат дека смртта постои.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Обично ќе го прекинеше кога насетуваше дека смртта тропа на вратите од нашето семејство, готова да однесе некое од нас, изнемоштените деца.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа си знае дека смртта знае да бапне одненадеж, тоа уште има чуено дека не е препорачливо да се читаат весници пред умирање, тивко си ја потпевнува интернационалата и им го плаче мајчето на фалсификаторите на историјата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Сомнежот наведува дека смртта би можела да е токму пред носот, Тоа сигурно би била неочекувана последица од Росентхал-овата голема романса со апстракцијата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
За тоа зборува, симболично, Смртта на кредит, за тоа дека смртта е плата за живот.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Што се однесува до другите, тоа зборува, симболично, Смртта гледам како се немирни, ги придвижува на кредит, за тоа дека смртта е пред сè амбицијата, нивниот живот плата за живот.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Само покрај ушите, како лилјаци на таван, му поминуваа зборовите на раководителот со мижуркава светулка на висменското чело: дека смртта настапила како последица од труење на виталните органи од организмот предизвикана од гасните испарувања на запалената кола во затворена просторија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ја запаметив и реченицата дека смртта знае да се расфрла со пораки што треба да ни го стегнат срцето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„На смртта тоа ѝ е намерата: да го разбуди и последното тровче несигурност и страв во нашите меса“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да не ги видевме божем не ќе знаевме дека смртта влегла во селото. Тоа и онака умира.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Буенос Аирес е друга улица, онаа низ која не сум поминал, тоа е тајно средиште на блокот и крајните дворови, тоа е она што го кријат лицата на куќите, тоа е мојот непријател, ако воопшто го имам, тоа е личност на која не ѝ се допаѓаат моите стихови (ни мене не ми се допаѓаат), тоа е скромна книжарница во која, можеби, сме влегле па сме ја заборавиле, тоа е отсвиркано делче од милонга*, што не го препознаваме а нѐ допира, тоа е она загубеното и она што ќе настане, тоа е она следното, друго, туѓо, странично, кварт кој не е ни твој ни мој, она што го знаеме и сакаме. * Милонга - аргентинска пучка мелодија. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 117
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа е, во една пуста ноќ, некој агол на Онс кадешто Маседонио Фернандез, сега мртов, и понатаму толкува дека смртта е измама.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не сакам да продолжам; работиве се и премногу лични, премногу она што се за да можат да бидат и Буенос Аирес.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Едноставно – непостоење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Треба да се помириме со тоа дека смртта не е премин од еден вид на постоење во друг, туку прекин на постоењето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
“И дали е тоа доволна причина утехата да си ја побарам во уверување дека смртта не е крај на постоењето?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Давењето ја потсетуваше на други видови врзувања, што ѝ создаваше дуални накај пријатни чувства, а поентата беше дека смртта треба да биде недвосмислена, крајно непријатна и болна.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
„Велат дека смртта не е несреќа“, - бргу рецитира Глигор, и додава: - „Ако тоа се однесува до мене тоа е сосем на место.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога стаса дома и кога се фати за рачката од вратата, кога влезе во куќата - почувствува дека смртта ја остави далеку зад себе, дека е спасен.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Единствената сигурна работа беше дека смртта никогаш не доаѓа во очекуваниот момент.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Она што сега ненадејно го сепна Винстон беше помислата дека смртта на мајка му, пред близу триесет години, беше трагична и тажна на начин што повеќе не е можен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зарем не можеш да сфатиш дека смртта на единката не е смрт ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пристигна докторот Татули и судското лице и извршија увид; констатираа дека смртта настапила од експлозијата, но не можеа да утврдат: дали случајно настанала таа, или намерно е предизвикана.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Затоа и свети апостол Павле вели дека смртта на човекот е запирка зад која продолжува реченицата...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А апостол Петар вели дека смртта е само мост - да го преобрази она што е минливо - во неминливо...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Последниот глас, тој штрбав тенор, потсетуваше на зовриена течност во огромна епрувета и панично делуваше, и тој знаеше дека смртта не треба да ја молат, кога е веќе негде над нив невидлива и пак спремна да влезе во хазардната игра како вечен играч и вечен добитник, да спечали, зашто растеше врз врелината на омраза и ги набабруваше како меури многуте побунети очи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Затоа и не можев да се ослободам од веќе создадениот впечаток дека смртта на Раде, кај неа не беше оставила некои видливи траги.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Мене навистина ми беше повеќе од јасно дека смртта на Командантот и лирскиот тенор и понатаму остануваше обвиткана во чудна таинственост.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И кој е тој јунак што исправен стана, зар изумил дека смрт околу коси?
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Дури и ме охрабри да спомнам дека смртта на нашиот поет се поврзува со една негова голема љубов.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Стариот писател се смееше и веројатно не ја беше слушнал мојата претпоставка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)