дека (сврз.) - снег (имн.)

Уште еднаш и тоа мошне убедливо се увери дека снегот цврсто ја држи опсадата околу колибата и веројатно за подолго време момчето ќе остане беспомошен заробеник на белиот владетел.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Слушна како топката удира во некоја гранка, а потоа еден долг шум што значеше дека снегот се рони од затресените гранки.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Времето во Скопје не навестуваше дека снегот, студот и мразот ќе не следат речиси по цел пат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повремено излегуваше од пртта, која на места веќе се црнееше, што беше знак дека снегот брзо се топи, излегуваше на неколку чекори преку сѐ уште високите бедеми од натрупаниот снег, и ја мереше неговата дебелина.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)