дека (сврз.) - состојба (имн.)

Модернизмот исто така беше незадоволен од присутното и исполнет со желбата да го реформира.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Постоеше едно чувство, да цитираме од Беконовиот предговор кон Instauratio Magna, “дека состојбата на знаење не е просперитетна ниту напредувачка; и дека мора да се отвори пат за човечкиот разум сосема различен од кој и да е досега познат”5.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Целата негова философија е во основа повик за промена, прилично драстична, на начинот на кој што пишуваме, мислиме и концептуализираме.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сјајот што го забележа во нив му кажуваше дека состојбата на новиот пациент е стабилна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, Вера како тоа да ја крена, како да сфати дека состојбата на Ели е таква што ние двете со неа не можеме да ѝ помогнеме, стана брзо, ја завитка Ели во тенко ќебе, ја крена в раце и заедно потрчавме кон болницата.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кога го видов првпат по смртта на Софи, брат ми седеше неподвижен, со погледот закован некаде во средината од масата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога докторите констатираа дека состојбата неповратно му се влошува, татко му тргна со воз од Хамбург кон Виена, надевајќи се дека ќе го затекне жив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека во болницата седев крај креветот на Хајнерле, се обидував да му го оттргнам вниманието од маките кои му ги задаваше телото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тие месеци брат ми секојдневно се јавуваше кај Софи; еден месец пред породувањето таа му кажала дека се чувствува многу лошо, следниот ден му се јавил зет му Макс Халберштат и му рекол дека состојбата на Софи се искомплицирала, и била итно префрлена во болница, а ден потоа Макс му се јавил одново и му кажал дека Софи починала.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во мигови на кристална самотија во срцето на балканската ноќ, кога лесно слегуваше дури до потсвеста, си помислуваше дека состојбата во која се најде неговото семејство е можеби реванш на судбината.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)