дека (сврз.) - срна (имн.)

Во него се роди надеж дека срната секогаш, и без врзување ќе остане да живее во колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не очекуваше дека срната веднаш ќе се нафрли на храната што ѝ ја принесе.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Ќе се успокоиш па ќе почнеш да јадеш - рече Бојан, па си помисли дека срната можеби ќе сака да јаде од сеното, или од јаболката.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Утредента Киле ни раскажа дека срната застанала во манастирската авлија и таму си шеткала и потпасувала.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Знаеше дека срната е преплашена, дека ќе помине време додека се привикне, а сепак во едно паниче стави малку ченкарно брашно и го принесе пред неа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)