дека (сврз.) - срце (имн.)

И се чини дека срцето и крвави.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не можеше ништо да каже. Му се чинеше дека срцето му е смрзнато.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но колку подалеку ме носеше возот од Белград, толку посилно чувствував дека срцето ми остана таму, во куќата...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И тој знаеше дека срцето не копнее долго по онаа убавина што ја гледаат само очите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Таа чувствуваше дека срцето сега посилно ѝ чука.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не знам што сè велеше попот во тој свој говор, ама чинам дека срцето ми имаше чуство дека добри зборови слушам.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Се жалеше дека срцето не му е добро.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Можете да замислите каква хигиена било тоа за нас, ама не можете да замислите каква екскурзија на мозокот сме си направиле зашто нашата прошетка од 12 чекори нѐ чинеше двојна доза од гинипралот, што во превод значеше дека срцето ти чука како лудо вљубено, телото ти скока како да ти е астрално до плафон, а, што е најстрашно, на дежурство на доктор кој ни во сон не сакаш да го погледнеш, а камоли да ти го погледне стомакот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Докторе, јас често патувам и се плашам дека срцето нема да може да го издржи напорот“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но тој чудна ука ми кажа, ми ја преподаде уката на криењето тајни а украдени нешта, и јас видов дека срцето негово веќе сосема во пороци зараснало, како нива заборавена од Господа и рака човечка.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сама во себе тајно си страдав додека да почувствувам дека срцето ќе почне да ми се распаѓа од жал.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кутрото мое срце! Колку многу се измачуваше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Спобудалува кога не можам да му ја задоволам желбата“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали Таша, постапувајќи и кон мојата желба така како што постапуваше, беше водена токму од тоа разногласие на срцето и на умот, не се потрудив да откријам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ама пусти страв, дека срцето нешто ќе побара таму кај Шадрванот!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зарем не беше време да сврати?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа, дека понекогаш остануваат измамени во своите оценки не се должи на нивната лековерност туку на простата вистина дека жената многупати, да не речам најчесто, го следи гласот на своето срце, (а познато е дека срцето е гласник на желбата а не на разумот).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се смееше мојот Човек, довикуваше, а знаев дека срцето му плаче.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И самата не знам како се случи тоа, но набрзо по овој наш разговор се заварив себеси како си го поставувам токму тоа прашање „Каде е сега мојот Ведран?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но таа не ми ги покажа очите, ме заборави, и јас пак ја повикав.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Орлен Шумков и Богоја Гулабарин веднаш отрчале да го доведат својат пијан и дотогаш мирен другар, тој пак обајцата ги стресол од себе и продолжил да се врти околу куќата на Фиданка Кукникова страшно удирајќи си ги со тупаници градите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ревел дека срцето му е раскрвавено, дека е измамен, дека некого ќе задави со голи раце.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мислев дека срцето ќе ми се распрсне од возбуда.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се Кара, но и се надева, чувствува дека срцето ѝ се полни и ѝ е убаво.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Том чувствуваше дека срцето му чука силно и отсечно, а тлото беше вжештено под нивните боси стапала.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)