дека (сврз.) - судбина (имн.)

Може да се рече дека судбината, во вистинскиот миг, му го донесе Сокол Мечевски, блискиот советник на Водачот за прашања од историјата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Вергилиј вели дека судбината помага на силните.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И сега го порази едно чудно чувство дека тој е одамна тука, дека тој бил отсекогаш тука, покрај Франца и Рангела, и дека судбината му е неразделно вплетена и еднаква со судбината на овие луѓе.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Од дотука реченото е јасно оти борбата помеѓу Бугарија и Србија за влијание во Македонија како резултат го даде развивањето на свеста дека судбините на Македонија треба да се во рацете на Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Немаме големи пориви, знаеме дека судбината нема некаков спирален тек, туку дека е едно неумитно преповторување на погибелни циклуси.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
У Не им завидуваме на предавствата Не им завидуваме на предавствата.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Со инаетлива амбивалентност се обидувам да ги совладам сомнежите дека судбината не ги вмешала своите прсти во моите избори и одлуки и не би се случило она што се случи ако јас самата со целата присебност и свесност во моментите на рационалност го издлабував коритото по која тече реката на мојот живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сè повеќе бев убедена дека е така, но спротивно на тоа, некоја лоша сила ме влечеше кон пустиот Запад. 7 Првиот пат кога седев на чаршијата, во кафе-барот во Западот, знаев дека судбината кој знае поради што, повторно ќе ме врати таму.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
„Јас никогаш не претпоставував дека судбината ќе ме постави во положба на таков трагизам.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Зет ми Профим не знам што тиќе човек беше: гледаше во ѕвездите и им кажуваше на луѓето што ќе се случи, им ги претскажуваше судбините на луѓето и им кажуваше кој им ги определува; викаше и за себе дека судбината му е однапред определена, спрема неговиот зодијак, а всушност, сам тој си го кроеше и загорчуваше животот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во тој миг Цви Корец длабоко во срцето почувствува дека судбината негова, на семејството, советот, заедницата, на целиот овој град, сѐ посилно се заплеткува во големо клопче што се намотува, се пласти и стега околу сите нив заедно од некоја огромна сила спрема којашто секој отпор е слаб, оттука и излишен.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Може ли да им се верува на комунистите?“ - гласно ги прашува тој.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога вревата на животот ќе се помешаше со тишината која ја негуваше мајка ми, таа ни велеше нам, на своите чеда, дека судбината најчесто вели молчи, навикни се на тишината.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Има желба да му рече неколку зборови за прекор затоа што толку време не го видел, ама кога си помисли дека судбината на Кире тече под извиците на командите и дека тој е облечен во воена униформа, си ја голтна намерата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Киро извади кутија цигари.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Не.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Татко, од овој аспект, од оваа призма, ја следеше балканската историја, проникнат во падовите на империите, кога историјата зрачеше најмногу со својата трагичност, со проклетството како што тој го нарекуваше.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Бил Клинтон во своите Мемоари тврди дека Арафат пропуштил вистински да се здобие со независната држава крај Израел, кога барал неизоставно враќање на бегалците, покрај историските придобивки, кои јасно се наѕираа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој не веруваше дека судбината на човекот во историјата е проблем кој би можел да се разреши во внатрешноста на историското време.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Велат дека судбината тоа никогаш не му го прости!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кој се ослободил од мегаломанската фантазија дека судбината на Хрватска е нешто единствено на светот, нешто што ни е сфатливо само нам Хрватите во екстаза од сопственото национално чувство и што белосветските игноранти никогаш ни приближно нема да можат да го разберат, тој знае дека порано или подоцна на местото на овој самиот-себеси-направен аутизам ќе мора да настапи рационалното комуницирање со светот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
- Никоја доба е, госпоѓо, но морам да Ви речам дека судбината на Вашите соседи не ме остава рамнодушен, особено книгите за јагулите!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А другиот дел на истото семејство, на кое бездруго и јас бев далечен потомок, низ многу, многу генерации остана небаре да вечнее крај морскиот брег со довикот кон своите, на другиот брег, со надеж дека судбината еден ден повторно ќе ги зближи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)