дека (сврз.) - тага (имн.)

Раснел близу до Минхен, а доволно длабоко во природата; додека татко му сликал, тој бил покрај неговиот штафелај по полињата, до потоците и во шумата во околината на домот; остатокот од денот го минувал со мајка си, која понекогаш му читала поезија и му свирела на пијано.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се чинеше загубена помеѓу светот од поворката што се наоѓаше пред растурање.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислам дека тагата беше добро сместена на нејзиното лице.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Доктор Ауербах ги негирал претпоставките на своите колеги дека тагата на Рајнер делумно потекнува од тоа што неговите родители го добиле во поодмината возраст, и повеќе изгледаа како да му се баба и дедо отколку татко и мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Впрочем ваквите состојби, што ги предводи тагата и вознемиреноста, немаат дестинација, не знаат од каде доаѓаат, ниту пак каде и кога треба да запрат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ги шепотам зборовите засекогаш, прв ден, вчера, а можев да речам и сега, па дури и штотуку, (ги шепотам без одредена намера, дури и без некое посебно чувство сите овие толку далечни и неодредени зборови) а сигурен сум дека тагата и немирот никогаш не почитувале временски и други определби.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)