дека (сврз.) - татковина (имн.)

(...) Но, иако цврсто тврдејќи дека „како човек и граѓанин, поетот ќе ја сака својата татковина, но дека татковината на неговата моќ и на поетскиот чин се Доброто, Благородното, Убавото, кои не се поврзани со ниту една покраина, ниту со една посебна земја, и дека она со што се занимава поетот се наоѓа и обликува без некои специјални закони и е непредвидливо“, Гете сепак се разликува од класичните слуги на Доброто, Благородното и Убавото: етничката група за него не беше само случаен туку творечки елемент на постоењето.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Пред да почне вечноста задолжително треба да се потсвирнува нешто на уста, нешто од Дмитриј Шостакович, на пример, онаа дека татковината слуша, татковината знае кога децата пролетуваат кон облаците.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)