дека (сврз.) - тајна (имн.)

Јас знам дека тајната на сетилната дразба и опипувањето на некое тело и градењето на некое тело од дрво или камен - се потполно исти.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
За среќа, мајка ѝ постепено гледајќи ме мене, сфати дека тајната е во тоа да се движиш што повеќе.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Климент Камилски повеќе не поставуваше прашање дали поимот кадија ќе влезе во нивната листа на опасните османотурцизми со изветвена смисла или, како што нагласуваше сѐ поретко со опасно значење!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Затоа и помислив дека тајната што се обидувам да ја разјаснам потсетува на раката на давеник која откако се кренала над водата и успеала уште еднаш да зафати од воздухот, за жал не е во состојба да ја принесе таа скапоценост до устата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Ја слушнав Огнена Гулева како и вели на мајка ми дека и заблазнувала за она што и се случило.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не требаше Татко да нагласува дека тајните од нивните животи, какви што си ги откриваа еден на друг, остануваа само помеѓу нив, во спротивно ќе беше доведено во прашање нивното верно пријателство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Што е најважно, знам дека тајните што јас ги открив одамна на светот ќе му беа познати и тој веќе ќе чекореше по други поубави патишта ако не беа лошите луѓе кои тоа го оневозможуваат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)