дека (сврз.) - убавина (имн.)

Но за жал многу често затурени помеѓу друѓите сеќавања што не можеме да ги сметаме за ведро обоени).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се разбира, неизбежно е забележувањето дека убавината и предизвикот на акустичниот звук уште пред официјалната grunge манија го откриваа, разбираа и промовираа, спрема некои grunge просветителите како Bob Mould (ex-Husker Du, Sugar) и Paul Westerberg (The Replacements).
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
„Погледни колку многу убавина околу нас. Тоа значи – колку многу утеха.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Кои зборови?“ „Дека убавината е утеха на овој свет.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ако се разбудев порано тоа утро во Венеција и ако го фатев првото вапорето, тогаш ѓоа ќе го видев Шекспир како окапува броејќи ги вековите на плоштадот Свети Марко – чекај да намине некој поасолен млетачки трговец, чекај да го отворат кафето Флориан, па чекај уште во него да намине Томас Ман, па заедно да го презираат оној Езра Паунд, ем да го презираат ем да го ценат, и најнакрај на Осја Бродски да му покажат како зиме целиот град може да се обвитка со едно ќебе, иако овој ги прашуваше нешто сосема трето – со кој брод тој, Бродски, може да стаса до островот Сан Микеле, оти беше чул од некој шерет Бродски, дека убавината е најтешка на Сан Микеле, потешка и од дождовите што севезден им ги стежнуваат соништата на стаклодувачите од Мурано.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Може и обратно, се разбира – секоја умирачка во Венеција да се смета за нов почеток.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Знаеше дека убавината не стои долго на излозите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нели дури тогаш ќе можете да заклучите дека убавините секогаш ни се наоѓале при рака а останувале недофатливи. (Прекрасни светкави дреболии на нашите мечтаења?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)