дека (сврз.) - универзум (имн.)

Поетичните Хиндуси веруваа дека универзумот е приспивен танц на илузијата (maya).
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Еден застрашувачки аспект на човечкото мислење е уверувањето - отелотворено во религијата - дека универзумот има некакво си трансцендентно значење.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Потоа и философите и научниците го сосекуваат.”
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Парадоксалните, психо-логични Будисти зборуваа за празнина, премногу комплексна - можеби еден трилион пати покомплексна од човековите можности да ја дофати и сознае со својот А-Б-Ц-1-2-3 систем за процесирање на зборови (ум).
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Нешто во неа веруваше дека е така, го знаев тоа по некоја нишка среде испреплетената истоштеност на нејзиниот глас, по невидливиот зрак отаде болката во нејзините очи; но мене тие зборови, кои во своите мисли ги изговарав со нејзиниот глас, сепак ми се враќаа со некакво подмолно, потсмешливо ехо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа лежеше таму, и нешто во неа веруваше дека времето не е само бескрајно самоуништување, дека универзумот, сиот тој простор што се протега околу нас до точката непоимлива за нас, не е само една огромна касапница.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)