дека (сврз.) - услов (имн.)

Зад ова се крие еден факт што никогаш гласно не се споменува, но премолчано се сфаќа и според него се постапува: имено, дека условите за живот во сите три супер-држави се мошне слични.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Рајт докажуваше дека услов за убедливоста на кој и да е аргумент против приватниот јазик е дека тој треба да ја допушти контингентната приватност, бидејќи во спротивно, како што истакнува тој, ќе се тврди далеку повеќе, и ние не ќе бидеме способни да најдеме смисла во она што го прави некој Робинзон кој, на пример, самиот се учи да игра со Рубикова коцка исфрлена на неговата плажа.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Единствен доказ за спротивното е немуштиот протест во коските, инстинктивното чувство дека условите во кои се живее денес се неподносливи и дека во некое друго време мора да биле поинакви.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сè што се бара за она што тој го употребува да биде јазик, е тој да може да биде споделен од страна на другите. (Тука не ги земаме предвид сосем тривијалните примери на „приватни јазици” кој, како кодот на Пепи, се само шифрирани јавни јазици.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)