дека (сврз.) - установа (имн.)

Треба да се посочи дека установата, во периодот пред да се укине угостителската дејност, беше поделена на две деловни единици: административно-техничката единица беше финансирана од буџетот на РМ, додека угостителската единица функционираше по принципот на самофинансирање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мора да се потенцира дека претходно Митревски случајот го пријави и во Трудовата инспекција, но и оттаму никогаш не му е дадена информација за тоа дали е направена контрола во установата и што е исходот од неговата пријава.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
До 2006-та, во рамките на установата, се одвиваше и угостителска дејност (каде работеше и Митревски), а пред укинувањето на оваа дејност Центарот броеше и над 65 работници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со оглед на тоа што не доби повратен писмен одговор, тој се сомнева дека установата и Министерството за култура, како што истакнува, „имаат интервенирано со цел пријавениот случај никогаш да не биде исконтролиран“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)