дека (сврз.) - центар (имн.)

Верувам дека центарот е функција, а не битие - тој е реалност, но како функција.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тие, кои велеа така, тврдеа дека центарот на светот, онаа точка на средното среде на небото цело и на ѕвездите и соѕвездијата, точката што и славен и пречесен Архимед Гркот ја барал, но не ја нашол, паѓала токму во одајата источна на црквата наша.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)