дека (сврз.) - чевел (имн.)

Се спремав да одам со Миќо на средсело и сега одеднаш треба таму да мислам дека чевлите ми стојат грдо, а тоа значи да не се чувствувам сигурен од самиот свој темел.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кога сите заедно станавме забележав дека чевлите не ми се повеќе покрај вратата, каде што ги оставив.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А јас будалиот дури сега забележав дека чевлите не му се врзани.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
За малку ќе заборавев дека чевлите чија флекница ја скршив од главата на мојот бивш маж, кого го начекав со некоја пачавра во мојот кревет, треба да ги земам од поправка...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Да, тој ме удираше смислено во мојата Ахилова пета, во моите чевли, и јас можев само виновно да се усмевнувам, како да велам - оставете го, а самиот навистина почнував да чувствувам дека чевлите ми тежат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ете така ја потфатив, ѝ фрлив трње в гаќи, само за да се соземе, а потоа уште еднаш и повторив дека чевлите многу ми се допаѓаат. Ептен ги погодила!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)