дека (сврз.) - член (имн.)

Тоа зборува дека членовите на фамилијата се однесуваат доста грижливо со просторијата потребна за водење комотен и здрав живот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во однос на ова британската позадинска воена мисија на Фицрој Маклин на 2 октомври ќе ја извести мисијата Spike дека поради неможноста да се соработува со партизаните “и фактот дека членовите на мисијата практично се затвореници ја евакуирам целата мисија Brasenose и Мекдоналд во најскоро време“.289 На мисијата Brasenose ѝ било наредено на 30 октомври да замине при ГШ на НОВ и ПО на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Исто така, тоа од друга страна давало надеж дека членовите на британските воени мисии во Македонија преку своите извештаи, освен на воената страна, ќе се осврнат и на политичката и ќе ја запознаат демократската јавност во светот со борбата на македонскиот народ за национална слобода и едновремено со желбата на македонскиот народ за обединување и создавање на своја државност и самостојност.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Се знаеше дека членовите на Партијата не треба да влегуваат во обични продавници „ што работат на слободниот пазар“, како што се велеше ), но правилото не беше строго почитувано, затоа што до различни работи, како што се врвките за чевли, или жилетите, не можеше никако поинаку да се дојде.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Помошната причина е таа дека членот на Партијата, исто како и пролетерот, ги поднесува сегашните услови делумно затоа што нема мерила за правење споредби.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Речено е, навистина, во почетокот дека членовите на субверзивниот комитет од Софија решиле да извршат серија атентати во Солун, но никаков доказ не е даден во таа смисла, така што пресудата се ограничува на констатацијата, навистина сосем сигурна и комплетна, за личното учество на обвинетите во атентатите од 28 и 29 април“155.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Речено е, навистина во почетокот, дека членовите на субверзивниот комитет од Софија одлучиле да извршат серија атентати во градот Солун, но никаков доказ не е даден во таа смисла, така што пресудата се ограничува на констатацијата, навистина сосем сигурна и комплетна, за личното учество на обвинетите во атентатите од 28 и 29 април.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Меѓутоа, одредени шефови на мисиите во своите извештаи не можеле да не се осврнат и на размислувањата на партизанските лидери за иднината на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Треба да се има предвид дека членовите на британските воени мисии биле брифирани воопшто да не се инволвираат во политичките дискусии со партизаните и единствено да се ориентираат кон извршувањето на воените задачи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Исто така, во Законот од 2002 година, за разлика од Законот од 1996 година, во одредбата која пропишува дека членовите на Одборот на директорите се должни да ги вршат своите функции не само во интерес на акционерското друштво и на акционерите, туку и во интерес на вработените, интересот на вработените повеќе не фигурира (чл. 314, ЗТД/96 и чл. 265, ЗТД/02).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
На симболично ниво, одредбата дека членовите на Одборот на директорите се должни да ги вршат своите функции и во интерес на вработените е отстранета.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)