дека (сврз.) - човештво (имн.)

Ти знаеш дека човештвото ќе те чита и препрочитува, дека ќе зборува за тоа што рече ти за човечкото суштество, за неговите соништа и неговата стварност, за неговото свесно и неговото несвесно, за тотемот и табуто, за таткоубиството и инцестот, за Еросот и Танатосот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Некаде, некогаш, од некого, бев прочитал и запаметил дека човештвото низ вековите во милион варијанти раскажува ист расказ.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тоа го очекуваш ти по својата смрт: да бидеш пророк над пророците – не еден од оние кои кажувале што ќе биде со човекот на земјата и над земјата, туку што е во него, и што може од него да биде, и што ќе биде според она што во себе го има, не знаејќи дека го има.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој ги собирал „шарките и белезите од животот... закачени и виснати како избледени панделки и крпчиња по глоговите, по плотовите“ - речено со зборовите на баба Ристосија од Горно Село - но паралелно со тоа трагал по онаа единствена заедничка приказна на човештвото со која и ја отвора својата книга: „Некаде, некогаш, од некого, бев прочитал и запаметил дека човештвото низ вековите во милион варијанти раскажува ист расказ“ - гласи првата реченица од првиот расказ на книгава (Ноќта спроти Свети Никола).
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)